50-те најубави појадоци во светот!

11 март, 20130
111

Англиски појадок

– тој содржи јајца на око, кобасици, печурки, сланина, или грав… Нормално тие прават комбинација со некои од овие јадења. Малку мрсничко, но англичаните го претпочитаат тоа.

 

Појадокот во Иран

може да се состои од леб, путер и џем, но може да биде и халим, тоа е јадење подготвено од месо и шеќер.

 

Појадок во Куба

За појадок во Куба би добиле кафе со шеќер и млеко и леб со сол. Лебот е направен со путер, што е особено важно за неговата мекост.

 

Појадокот од Полска

оној традиционалниот е наречен јајезница, а е направен од јајца, кобасица, палачинки од компир.

 

Појадок во Шпанија

Брзиот појадок во Шпанија се подготвува така што лебот се премачкува со доматен сос и лук и се потпекува. Екстра може да се додаде и кашкавал и шунка.

 

Појадокот во Мароко

најчесто се состои од различни видови на леб со џем, сирење и путер. Тие имаат навистина многу видови на леб кои се премногу вкусни.

 

Здрав појадок од Хаваите

Кога сте таму логично е дека најголемо задоволство би ви било за појадок да имате вкусно, здраво овошје.

 

Појадок во Шведска

Таму се познати шведските палачинки познати како Панкакор. Тие се како тенки парчиња торта направени од путер. Декорирани се со сладок фил.

 

Појадокот во Исланд

Здрав и топол појадок за ладните и тмурни утра во Исланд. Житариците често се нивниот појадок.

 

Појадок во Португалија

Вкусен кроасан полнет со пршута, кашкавал, послужен со кафе на убавото сонце.

 

Појадок во Австралија

Кој и да патува во Автсралија ќе го проба Vegemite. Тоа го има само таму.

 

Појадок во Бразил

Ммммм вкусно убаво декорирано шунка, сирење, леб, пршута, кашкавал.

 

Италијанскиот појадок

се разликува од вкусната пица за ручек или вкусната паста за вечера. Појадокот се сотои од вкусен кроасан со една шоља капучино.

 

Појадокот во Велс

Традиционалниот појадок се состои од вкусни лебчиња потпечени со кашкавал. Кашкавалот е специфичен, направен токму во Велс.

 

Појадок во Данска

Салама, кашкавал, јајце, путер со леб или вкусен благ колач со мед и чоколадо.

 

Појадок на Филипините

Појадокот ќе ви ја даде целата потребна енергија за тековниот ден. Се состои од манго, омлет со лук и месо.

 

Појадокот на Алјаска

Палачинка, јајце на око и месо.

 

Традиционален германски појадок

Вкусен германски кашкавал, кобасива, црн леб и кафе.

 

Познатиот американски појадок

Палачинка полиена со сируп и боровинки, или пак испржена сланина. Изборот е помеѓу овие две опции најчесто.

 

Појадок во Франција

Ах…Le croissant , кроасан со путер, чоколаден крем мириса така добро… а доколку не сакате кроасан имате на избор многу вкусни пецива.

 

Појадок во Индија

Мешавина од зачинети комприри, кобасица, парчиња банана,…. појадок кој нема да го сретнете на друго место.

 

Шкотски појадок

Многу сличен на англискиот, јајце на око, сланина, сос кој е зачинет и помалку лут.

 

Појадокот во Тајланд

Зачинета риба, слатко – зачинето свинско сервирано со ориз. Појадокот е различен од она што може да го изедете за ручек или вечера.

 

Појадок во Аргентина

Појадокот во Аргентина е вкусен и сладок. Кроасан со чоколаден крем и шеќер одозгора.

 

Појадок во Ирска

Нешто слично на англискиот и Шкотскиот појадок, леб, јајца, кобасица, грав…

 

Појадок во Канада

Домашна кобасица, леб, јајца со кашкавал и компир…

 

Појадок во Мексико

Начос, кашкавал, говедско месо, доматен сос…

 

Руски појадок

Топли руски палачинки со јогурт послужени со малини или вкусен џем.

 

Појадок во Виетнам

Најчесто за појадок имаат некое блендирано месо со пченка, ориз, но во овој случај ви го претставуваме појадокот со цели прачиња свинско.

 

Појадокот во Перу

Како и за секој оброк во денот, тие јадат морска храна послужена со вариво.

 

Појадокот во Боливија

Традиционалниот појадок се состои од панцероти кои се солени, полнети со месо или зеленчук.

 

Појадокот во Египет

Убаво декорирани варени јајца со сос од зеленчук обично мешункаст, декорирани со млад кромид.

 

Појадок во Јапонија

Дали некогаш сте имале за појадок тофу? Тоа е популарен избор во Јапонија, најчесто направен од ориз и риба, прелиено со соја сос.

 

Појадок во Кина

Како и ручекот и вечерата се состои од нудлс, ориз, слатко – кисело пилешко.

 

Појадокот во Малезија

Нудлси помешани со јајца и зеленчук и сето тоа поприлично зачинето.

 

Појадокот во Монголија

Лепчиња направени од ориз, соја сос и коњско месо… не баш вкусно…

 

Појадок во Белизе

Пржени пишии. Тоа е традиционално јадење во Белизе кое се служи со јајца и грашок или пак слатка варијанта со мармалад.

 

Појадок во Унгарија

Традиционалната погача е одличен избор доколку се најдете во Унгарија.

 

Појадокот во Кореа

Вегетаријанска супа, ориз, зеленчук, печурки и јајце.

 

Појадок во Пакистан

Aloo Paratha. Тоа е традиционалното јадење во Пакистан. Тоа е специфичен леб со зачини и зеленчук.

 

Појадок во Естонија

Лепчиња со кремаст кашкавал потпечени доволно колку да се заруменат.

 

Појадок во Јордан

Labneh, hummous и falafel се популарните јадења тука.

 

Појадок во Венецуела

Изгледа како затворена пица, но внатре се полнети со свежо сирење и месо.

 

Појадок во Колумбија

Популарно јадење кое не изгледа нешто посебно примамливо. Тоа е еден вид на супа направена од млеко и сирење.

 

Појадок во Гана

Ова јадење е наречено waakye. Многу често може да го најдете кај уличните продавачи на храна.

 

Појадок во Уганда

Ова е јадење кое е типично за овој регион. Пржени банани со говедско и зеленчук.

 

Појадок на Бахамите

Grits е традиционалниот појадок.

 

Појадок во Коста Рика

Направен е од црн грав, ориз, салса, и пченкарна тортиља. Нормално со месо како гарнир.

 

Појадок во Домениканска Република

Мора да пробате Mangu. Направен е од јајца, салама, кашкавал, и посебен вид на брашно.

 

Појадок во Турција

Масата е богато поставена со свежо сирење, маслинки, свеж зеленчук, пржен зеленчук со јајца и домашен леб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi