Јелена Карлеуша го предизвика Аца Лукас после што тој остро одговори. Во еден од медиумите објавено е дека Карлеуша зборувајќи за престојниот концерт на Ушче изјавила дека таа не е Аца Лукас па да прави селски забави.
Кај нас е вообичаено ѕвездите воопшто да не се потрудат и да направат обична селска забава само со бенд и три сијалици па со тоа ја омаловажуваат публиката, изјавила Карлеуша.
Кога Лукас го прочитал ова одреагирал бурно.
И предлагам на Карлеуша да го смени мотото за нејзиниот концерт, со оглед на тоа дека мојата варијанта е посоодветна за неа. Наместо да биде Viva la Diva треба да биде Viva la Niva, изјавил фолкерот како одговор на нејзината провокација.