Двете се познати, успешни, убави и многу слични една на друга!
Прекрасната Лима има двојничка! Станува збор за 21-годишната Сара Сампајо, португалска манекенка на која медиумите и го наметнале името – новата Адријана Лима.
Мора да признаеме Сара и Адријана навистина личат, двете се бринети, двете имаат зелени очи, полни усни и двете имаат богати договори со брендот ‘Victoria’s Secret’.
Сара се прослави токму со тоа што наликува на 31-годишната Адријана Лима, а иако е помлада 10 години, веќе е едно од познатите имиња во светот на моделирањето. Токму како Лима, позирањето во бикини е нејзина специјалност.