Овој интересен чадор не користи материјал за да ве заштити од дождот. Всушност, тоа е само еден пластичен стап кој креира воздушна бариера над вас и ги бутка капките пред да паднат. Воздухот го зема од долниот дел, а го испушта од горниот дел. Големината на чадорот, како и јачината на воздухот се подесуваат во зависност од јачината на дождот или колку луѓе се под чадорот. Креаторите на овој концепт-чадор се Је Сунг Парк и Ву Јунг Куон.