Парадокс е средно име на Македонецот многу одамна, како што кодош му е име, а ,,кичма,, ем презиме ем животно мото. Значи, во женски род тоа би изгледало вака: Кодошка Парадоксана Безкичменковска или во машки род: Кодош Парадоксев Безкичменкоски. Грдо, како и да го вртиш, нели?
И тоа не беше толку лошо, да не почнеше секојдневно да го приметувам насекаде, се разбира најмногу блиииску до себе.. најблиску!
Да го елаборирам тоа што денес секој го знае за нас, а ние како слепци или ноеви со главите во земја, но со подмачкани газови, не сакаме да си го признаеме.
Кога ќе му речеш на МакедонЧето нешто во доверба, колку проценти си сигурен дека нема да те исцинкари на прва кривина? ИЧ!!! Доверба? Скраја да е.. доверба за злоупотреба- таман!!! Ќе ти го свирне МакедонЧето како и да го вртиш, само проблем е колку му е голем, за да знаеш колку ќе те боли!
Редоследот ми вели, да го фатам средното име: Парадоксана нели..
За Македонскиот парадокс досега само Венко Марковски и Томе Арсовски имаа ,,муда,, да пишуваат отворено, но ,,црна матна,, ги појаде, особено Венкота, што предетално ни го опиша а тоа на ,,некои,, ич не им се бендиса.
Епа да.. Македонецот е створен Парадокс на кој светски култури ќе имаат можност да си ги учат грешките на другите, за тие се разбира, никогаш да не ги направат! Се предомислува МакедонЧето секој минут, или што би рекол дедо ми бог да го прости: Пуста глава синко, шешир не трпи. Еден ден едно, истиот ден друго и така секојдневно си го менува ставот, без трунка совест, колку кому зошто и на кој начин толку многу ќе го сардиса..
Го остаив за крај презимето, за да го задржам редот нели!
Безкичменковска.. ски.. што и да е…
Еееех да.. кичма бил тежок збор.. претежок за мноогу пивтии во нашата ни мала државичка!!! Кичмата да ти била голем проблем, поготово ако не си навикнат да си ја носиш! Таа кичмата или како и да ја крстиш, да ти била проблем генерален, иако на некои господ им дал можност да си ја носат и трпат цел живот, колку и да им била прилагодливо нерационална. А тие? Е тие замисли, не сакаат кичма, џанам исправен да бидеш, голем проблем било, па ќе си се разликувал од целата ни гамад, што без ‘рбет си функционирала ,,рационално,,!! Алооо.. Амеби едни недоносени!!! Кичмата Ви ја даде господ за да се исправите, за исправени подалеку од носот да можете да гледате!! Зошто, кога носот е пикнат во нечиј газ, смрди бе братче.. смрди многу, а боли уште повеќе.. душата пред се! Без разлика чив газ е тоа, а уште помалку кога имаш перцепција дека газот на лаванда му мириса, џанам близок ти е, па да не му го навредиш…
Чаре?
МакедонЧето колку и да го клецкале низ вековите, сеуште во виртуелната му меморија, оставил место наречено – Надеж!! Надежта последна умира, нели? Зарем има надеж?