Ајфон за 250 евра на пазарот од септември!

popara8 јуни, 20131min00
5

Аналитичарите наведуваат две причини како потврда дека Епл ќе премине на поевтини уреди. Првата причина е изјавата од првиот човек  на компанијата Тим Кук, кој вели дека сакаат да ги направат своите уреди подостапни на широката маса, а другата причина е поврзана со новите големи пазари како Бразил и Индија кои бараат поевтини телефони.

Компанијата Епл според некои информации подготвува на есен да лансира нов Ајфон на пазарот. Телефонот би требало да чини околу 250 евра и секако ќе има нешто послаби спецификации од своите поскапи браќа.

Најмногу се зборува за тоа каков екран ќе има новиот модел. Од неколку извори се вели дека евтиниот Ајфон нема да има ретина дисплеј, и дека ќе биде 3,5 инчи, што значи дека компанијата ќе се врати на “оргиналното“ пакување на телефонот.

Многу компании веќе почнаа да продаваат евтини модели на пазарите кои се во развој. Освен Бразил и Индија, тука се и Кина и некои африкански држави. Затоа се верува дека овие евтини модели ќе бидат ограничена серија наменета за овие држави.

Foto: AP

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma