Ајкула се породи на плажа!

popara13 август, 20131min00

Посетителите на плажа во Флорида, денес имаа што да видат: пред ајкула роди неколку мали ајкули!

Рибар извлече на плажата ајкула, долга околу еден и пол метар, која по неколку секунди на суво, се породи. Иако спасувачите подоцна пробале да помогнат и да ја вратат во подлабокиот дел, таа едноставно се враќала на сувото. Умре по неколку часа, но за среќа, тоа не претставува никаков проблем за новороденчиња, затоа што тие од самото раѓање се способни да се грижат за себе. Ваквите ајкули (hammerhead shark) не се опасни за луѓе, но ќе нападнат ако се провоцирани. Во последните две години, ваквите ајкули се се’ почеста појава на обалата на Флорида.