Ако избрзате со секс ја осакатувате љубовта!

popara28 јули, 20131min00
14

Не брзајте да започнете интимна врска со човек што ви се допаѓа зошто ризикувате вашата врска да има краток рок на траење.

Ако сметате дека тоа е човекот на вашиот живот, почекајте колку можете повеќе до првиот секс, советуваат експерти.

Според нивните анализи, врските не траат повеќе од две години, ако премногу брзо се фрлите во креветот на партнерот. Во истражувањето учествуваат 11 000 парови со долга врска зад себе.

Се покажа дека навистина има директна врска помеѓу првиот сексуален контакт и времетраењето на љубовната романса.

Партнерите кои почекале со сексот барем првите неколку состаноци, останале во долгорочни и среќни односи за разлика од оние кои се препуштиле на првичниот инстикт премногу рано.

Истражувањето покажа уште дека онлајн запознанствата се причина плус за да се стигне до случаен секс. Ваквиот начин ретко носи емотивна исполнетост или стабилни односи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma