Аксел Роуз му ги испокршил забите на еден од своите фанови за време на концерт!

popara19 март, 20131min00
3

Аксел Роуз, фронтменот на легендарниот бенд Guns N’ Roses ќе мора да оди на суд бидејќи му ги испокршил забите на еден од своите фанови за време на концерт.

Пејачот го фрлил микрофонот во публиката на крајот од концертот што се одржал во Перт. Дарен Врајт поднел тужба бидејќи бил во првите редови и микрофонот удрил во него кршејќи му ги забите.

Неколку дена покасно Врајт по судски пат барал од Аксел да ги подмири трошковите за неговото лечење кое како што вели чинело 5000 долари.

Менаџерот на групата се извинил во името на Аксел и му понудил микрофон со потпис од пејачот, но Дарен тоа го одбил велејќи „микрофонот нема да ми ги поправи забите“.

ff

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma