
Претставниците од Приштина и Тирана потпишале договор за воена соработка, која покрај другото овозможува и непречено влегување на албанската војска на косовска територија.
Како што се вели договорот содржи процедура за влез, излез, престој и статус на припадниците на вооружените сили на Република Албанија и припадниците на косовските сили на територијата на другата потписничка на договорот. Договорот за воена соработка во Призрен го потпишале министерот Агим Чеку од Косово и албанскиот министер за одбрана, Арбен Имами.
