Америка наскоро ќе биде потопена?!

popara17 април, 20131min00
111

Користејќи ги мапите за прирастот на нивото на морето, Клајмат Централ, организација која се занимава со истражување на климатските промени прави илустрации за некои од најпознатите дестинации и за тоа како би изгледале 1,5метри, 3,5 метри и 8 метри под нивото на морето.

Моментално глобалното ниво на водите расте и побрзо отколку се предвидуваше според најновите истражувања во областа на климатските промени. Американскиот центар за климатски промени проценува дека нивото на морето ќе порасне за 2 метри до 2100 година. После тоа, кога температурата паралелно ќе се покачи и ледниците ќе почнат да се топат, океаните би можеле да пораснат за 6 до 9 метри.