
Иако често се критикувани поради недостаток на основна култура, можеби ќе помислите дека Американците сепак нешто повеќе знаат кога се работи за нивната историја.
Но сепак се покажа дека не е така, барем ако ги земеме во предвид луѓето кои застанале пред камерата на Џими Кимел за да го искажат своето ценето мислење и богато познавање. Во стандардниот сегмент каде се испрашуваат луѓето на улица за разни теми, овој пат на ред е Кристофер Колумбо. Така откривме дека тоа е човекот кој во Америка ги поздравил индијанците со “хауг“, дека во Америка стигнал со авион, но и дека бродовите му се викале Пина Колада, Санта Маргарита или Паела:)
httpv://www.youtube.com/watch?v=MjKlJd5iOeU