Изгледа дека Ана Николиќ никако не може да ја погоди својата совршена линија и многу често варира со тежината, а сега на сликите од нејзиниот настап во Цирих ќе видите дека повторно се згоила.
Во дискотеката “Елит“ Ана настапува заедно со витката Николија, ќерката на Весна Змијанац, па нејзините вишок килограми стануваат уште поизразени.
Убавата Ана и во април ги шокираше своите фанови кога се згои драстично, меѓутоа Ана е позната по тоа дека практикува напорни тренинзи и интензивни диети и веројатно брзо ќе ги намали вишокот килограми.