Анџелина Џоли: Ги отстранив двете дојки за да се спасам од рак!

popara14 мај, 20131min00
1

Анџелина Џоли со писмо испратено до Њујорк Тајмс откри дека ги отстранила двете дојки бидејќи  се соочува со многу висок ризик од рак на дојка. 37-годишната актерка за нејзината одлука објави статија објавена во Њујорк тајмс насловена како „Мојот медицински избор.”

Во писмото Џоли вели дека имала ризичен ген познат како BRCA1, со што ризикот од рак на дојка бил зголемен за 87 %, а ризикот од рак на јајници за 50 насто.

Мајката на Џоли починала од рак на 56 години. Џоли во писмото вели дека решила да биде проактивна во спречувањето на шансите за заболување од рак.

Foto: AP

 

Џоли изјави  дека сега шансите за развој на рак на дојка кај неа се до 5 проценти. Таа има три родени деца и три посвоени деца со нејзиниот партнер, актерот Бред Пит.

„Среќна сум што имам партнер исполнет со љубов и подршка како што е Бред Пит. Бред беше покрај мене секоја секунда за време на операцијата. Успеавме заедно да се смееме. Знаевме дека тоа е вистинската одлука за нас и нашето семејство и дека уште повеќе ќе не зближи.

Моите деца повеќе не мораат да се плашат дека ќе ме изгубат поради болеста. За нив сум онаа иста мама. Би направила се за да бидам со нив што подолго. “, се вели во писмото.

Foto: Steven Klein/christies.com

Foto: Tanjug/AP