Тешко дека можете да се сетите за поубава и попривлечна вештица од Анџелина Џоли. Во нејзиниот стил секогаш имало нешто мистично и сега како да си доаѓа се на свое место. Ѕвездата ја добива главната улога во филмот на Дизни – Господарка на злото.
Господарката на злото е убава, невина, млада жена со прекрасни црни крила која води идиличен живот во мирно планинско кралство. Се до денот кога луѓето доаѓаат и ја загрозуваат хармонијата во нејзиното кралство. Нејзиното чисто срце станува камен…
Филмот ќе се појави на големото платно во јуни 2014 година.