Англија наскоро ќе започне да извезува свинска сперма во Кина во рамките на договорот вреден 45 милиони фунти.
И покрај тоа што Кина е дом за половина од светската популација на свињи, што ја прави најголем пазар за таа стока во светот, властите во Пекинг се загрижени за квалитетот на животните. Целта е британските свињи да ја подобрат генетиката на кинеските.
Протоколот потпишан со кинеските партнери предвидува извоз како на свежа, така и на смрзната сперма, во зависност од потребите.
Соработката нема да заврши само со осеменување на кинеските свињи. Постојат планови свинските нозе кои не се јадат во Британија, исто така да се извезуваат во Кина.
“Тоа би претставувало мултимилионски бизнис за Британија и гастрономска посластица за кинеската трпеза“ – изјавил потпаролот на британската влада.