Бред Пит бил причината Анистон да почне да посетува психијатар и да почне со терапија – тоа го открива самата таа во нејзиното последно интервју.
Актерката сподели дека после разделбата морала да посетува специјалист бидејќи била очајна и депремирана.
“Но тоа ми помогна многу. Се пронајдов себе си и ги исчистив сите глупости од животот“, признава Џенифер.
Раводот со Бред во 2005 година после 5 години брак се одразил крајно негативно на актерката. Џенифер и Бред беа заедно од 1998 година, но откако стана јасно дека тој има чуства кон колешката Анџелина Џоли, парот подаде молба за развод.