Северна Кореа, една од најзатворените држави во светот, денеска го најави својот уред Ариранг, кој според нив е мултифункционален телефон од домашно производство.
Аналитичарите, од друга страна, мислат дека уредот најверојатно се произведува во соседна Кина, кои се сојузници на Северна Кореа.
Уредот е крстен по популарна коресја фолк песна, а се дозна за истиот откако главата на државата Ким Џонг Ун, ја посети фабриката минатиот викенд. Иако на фотографиите се гледаат работници како ги прегледуваат и пакуваат уредите, никаде на фотографиите не се гледаат продукциски машини или ленти.