Астматичарите треба да се сончаат!

popara27 мај, 20131min00
3

Истражувањето спроведено во Кинг колеџот во Лондон покажува дека изложеноста на сонце и количината на витамин Д во организмот имаат влијание на астмата.

Според студијата ниската концентрација на витамин Д поради недоволна изложеност на сончеви зраци се поврзува со влошување на астматичните симптоми. Освен тоа потврдено е дека витаминот Д ја нормализира функцијата на дел од имунолошкиот систем кој кај пациентите со астма е претерано активен.

Експертите велат дека спроведените експерименти врз пациенти со астма покажале дека пресудна во случајот е функцијата на интерлеукинот 17, верига од имунолошкиот систем која е иначе пресудна за борба против инфекции.

Во следната фаза од истражувањето научниците ќе се обидат да утврдат дали витаминот Д може да им помогне на пациентите со астма на кои не им помагаат вообичаените лекови.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma