
Ава Карабатиќ нема да учествува во Фарма 5. Хрватската старлета наводно поради кршење на договорот со продукцијата ќе биде тужена и ќе се бара од неа да исплати оштета од 50 000 евра од страна на Пинк и за истиот износ од страна на Емоушн бидејќи не поминале година дена од нејзиното учество во Големиот брат.
За неа се велеше дека ќе биде една од главните ѕвезди во новото шоу, но таа не се појави и наводно правела проблеми со продукцијата на Фарма бидејќи барала одредени услови за учество.
