Бајадера

31 мај, 20130
10

ПОТРБНИ СОСТОЈКИ:

700гр шеќер

200гр путер

150гр чоколадо за готвење

250гр мелени ореви

20 лажици вода

250гр мелени бисквити

ГЛАЗУРА:

50гр путер

100гр чоколадо за готвење

ПОДГОТОВКА:

Во зовриена вода ставете шеќер и варете околу 3 минути додека да се истопи.

Додадете ги мелените бисквити и малку измешајте.

Додадете ги мелените ореви па се кратко варете и оставете да се олади.

Во оладената смеса додадете 200гр путер кој претходно сте го исекле на мали парчиња и мешајте се додека не се растопи.

Во друг сад стопете 150гр чоколадо, па во истопеното чоколадо додадете половина од припремената смеса и добро измешајте.

Плехот намачкајте го со путер па рамномерно распоредете дел од смесата со чоколадо.

Врз смесата од чоколадо распоредете го другиот дел од смесата.

ПОДГОТОВКА НА ГЛАЗУРАТА:

Истопете го чоколадото и путерот на ниска температура и со така припремената глазура полиете го колачот.

На крајот почекајте колачот да се олади и добро да се стегне па послужете го исечен на мали правоаголници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi