Бананата – драгоцена храна за вашата кожа

popara30 јануари, 20131min00
banana

Колку што е драгоцена бананата за исхраната, исто толку е важна и за негата на вашето лице. Не само што е вкусна, таа содржи и голема количина на скроб, овошен шеќер, витамини А, Б6 и Б12, а обилува и минерали фосфор, манган, магнезиум, калиум… Заради големата количина на витамин Б, бананата има моќ да ја смири воспалената кожа.

Маска за кожа со црвенило

За да го смирите црвенилото на лицето направете ја оваа маска. Испасирајте ја бананата и ставете и една лажица павлака и половина јаболка. Намачкајте го лицето и деколтето. По 30 минути измијте се со млака вода. Црвенилото ќе биде значително намалено.

Маска за сува кожа

Испасирајте една банана, додајте една лажица мед, лажица бадемово масло, сок од портокал и малку брашно. Смесата која ќе ја добиете нанесете ја на лицето и оставете ја нека делува 20 минути.

Маска за подмладување

Една испасирана банана, една лажица павлака, лажица мед и една варена жолчка. Оваа маска ќе ја нахрани кожата и ќе ја спречи појавата на брчки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma