
Лекарите велат дека состојбата на новороденчето е критична, но дека ќе се обидат да дадат се од себе за да го спасат.
Момчето со две глави и едно тело е родено во Раџастан, Индија. Нервниот систем на сијамските близнаци е одвоен, но нивните рбетни столбови се спојуваат во карлицата.
Потребно е да се направат уште неколку тестови за да се утврди дали ума уште неколку заеднички внатрешни органи. Најчесто децата родени со ваква аномалија тешко преживуваат. Во повеќето случаи тие мртви се раѓаат.
