Бразилката Сабрина Боинг по професија манекенка и ди-џеј на социјаната мрежа Инстаграм поставила фотографии на кои дои теле, што предизвикало бурни реакции во јавноста.
Покрај една од фотографиите на нејзиниот профил стои коментар: „Тестирав уште еден цицач, до сега сите сакаат да им бидам мајка!“
Коментарите се најразлични, некои се одушевени, па напишале „Ох, блазеси му на телето!“, додека другите се згрозени, а имало и такви кои напишале „Како не те гризнало, па да ти истечат силиконите!“.
Во секој случај никој не останал равнодушен, што веројатно била и нејзината цел!