Откако пејачката на својот Инстаграм профил поставила фотографија каде се гледа нејзината нога како и стопалото на нејзината ќерка, се појавиле многу негативни коментари на сметка на неуредниот изглед.
Додека повеќе од 400 илјади души кои ја лајкувале оваа фотографија сметаат дека е преслатка, голем е бројот и на оние кои се шегуваат на сметка на пејачката, а особено за нејзиниот палец, и како што велат е време за педикир.
“Прво оди на педикир, па потоа сликај ги стопалата!“ – се вели во еден од коментарите под фотографијата.