Човек на возраст од 78 години врзал 10 месечно куче за шините, но возачот гледајќи го тоа ја употребил кочницата за итни случаи и успеал да не го прегази врзаното куче.
Друштвото за заштита на животните во Калифорнија соопшти дека кучето Бенџо се чувствува добро после трауматското искуство, дека не е повредено и дека ќе биде вдомено.
Возот се приближувал кон градот Мек кога шоферот видел куче врзано за пругата и човек кој се одалечува од местото, застанува на страна и чека да види што ќе се случува.
Шоферот настанот го опишал како „најлошата сцена што во својот живот ја видел“.
Сопственикот на кучето изјавил дека тој и неговото семејство немаат услови да се грижат за кучето, па затоа одлучил да го стори тоа.
Против него нема да биде поднесена кривична пријава бидејќи како што се вели во соопштението изгледало како тој да не е свесен во моментот што прави.