Бил Гејтс ќе ви даде 100 000 долари ако измислите добар кондом!

popara25 март, 20131min00
5

Кондомите од латекс можеби се ефикасни во борбата против несакана бременост и сексуално преносливи болести во 85% од случаите но едноставно овие кондоми не ви доставуваат квалитетен секс (мажите знаат зошто).

Поради таа причина Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда преку својата фондација одлучиле да понудат 100 000 долари за финансирање на нова генерација кондоми кои ќе овозможат додека го носите да имате чувство дека воопшто го нема, иако е тука.

Ако сте подготвени да го прифатите предизвикот можете да го испратите својот проект на сајтот GrandChallenges.org. Предлогот мора да содржи хипотеза која може да биде тестирана и да влкучува план како сето тоа да се изработи.