Бизарните навики на генијалците: Пушеле трева и спиеле во мртовечки ковчег

popara21 октомври, 201318min00
24

Генијалните умови функционираат на бранова должина неразбирлива за останатите смртници, но некои одат чекор подалеку со своите лудости.

Така на пример композиторот Џорџ Гершвин бил работохоличар, а своите дела ги создавал седејќи зад клавирот во пижами. Тој никогаш не бил опуштен, секогаш морал нешто да прави.

Еден од најголемите генијалци кои чекореле на земјата, Алберт Ајнштајн живеел повлечено. Секогаш имал долга коса бидејќи не сакал да оди на бербер, а чорапите ги сметал непотребни па никогаш не ги ни носел.

Едит Ситвел денот го започнувала лежејќи во ковчег бидејќи тоа наводно ја инспирирало да ги пишува своите морбидни стихови. Сакала да спие, затоа и изјавила дека секоја жена еден ден од седмицата мора да го посвети само на спиење.

Агата Кристи воопшто немала работна маса и своите дела ги создавала кај ќе стигне. Мермерното столче во спалната соба било добро место за пишување како и масата во кујната за работа меѓу оброци, изјавила Кристи.

Труман Капоте пишувал во кревет со кафе и цигара. Компулзивно разни броеви собирал во главата, па така не ги бирал телефонските броеви или хотелски соби доколку тие броеви ги сметал за баксузни.

Алексанар Грахам Бел, откривачот на телефонот, спиел само 3 часа дневно и тврдел дека понекогаш има толку многу идеи во главата па апсолутно ништо не може да го оттргне од размислување.

Писателот Ауден никогаш не работел ноќно време.  Исто така својата ментална енергија ја добивал со помош на амфетамин.

Таткото на американската книжевност Марк Твен имал голем проблем со несоницата, а кога ќе успеел да заспие тоа најчесто било на подот во тоалет.

Виктор Иго секое утро јадел по две живи јајца и се капел во студена вода. Секојдневно одел на бербер.

Џез пионерот Луис Амстронг секогаш два часа порано доаѓал на концерт. Додека останатите пиеле алкохол да се опуштат, Амстронг пушел марихуана.

Иконата на комунизмот, Карл Маркс денови по ред поминувал во лондонската библиотека, од 9 часот наутро до 7 навечер кога институцијата се затварала.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag