Бомбашот Карнајев: Бостонската експлозија е одговор на американската агресија ширум светот!

popara17 мај, 20131min00
6

Како што известуваат од Си Би Ес, Џохар Карнајев, стар 19 години во својата порака рекол дека жртвите од бомбашкиот напад во Бостон се колатерална штета исто како што се невини жртви колатерална штета на американската агресија ширум светот. Својот постар брат и соучесник Тамерлан, стар 26 години, кој настрада во престрелките со полицијата, Џохар го нарекол маченик.

Во бомбашкиот напад на бостонскиот маратон погинаа тројца, а беа тешко повредени 264 луѓе.

Џохар денес се наоѓа во една затворска болница во западен Бостон, а за делата за кои е обвинет би можел да биде осуден на смртна казна.

Foto: AP