Бракот – награда или казна?!

popara5 мај, 20131min00
4

Една од најраспространетите фрази на темата е дека бракот претставува замок – оние кои се надвор сакаат да влезат, а оние внатре копнеат да излезат. Се разбира во секоја шега има и вистина. Факт е дека девојчината уште од мали сакаат да си играат семејство и кој знае зошто се замислуваат принцези.

Бракот започнува како романтична приказна, но дали ќе продолжи така зависи не само од Судбината. Понекогаш бракот е толку жестока грешка, каде и двајцата се чувствуваат како во замка. Разочарувањето е толку големо, што ги остава на заден план сите мотиви, кои не донеле до заветното Да. Нема поголема казна од лош брак.

Таму постојано врне, понекогаш солзи, понекогаш навреди…понекогаш гнев пред кој сите природни сили бледнеат. Мнозина наоѓаат спас во развод, но тоа остава печат врз животот на двајцата за секогаш. Остануваат деца кои секогаш се искупителна жртва на едно необмислено решение. Често години после разводот и двајцата не можат да се опорават или пак ако успеат останува горчината и прашањето зошто всушност стапиле во брак  кој бил посакуван и доброволен акт од двете страни. Најлесно е да кажеш – Судбина. Само што таа има секогаш и продолжение. Ќе ти се наложи да живееш многу потешко, зошто секој знае, дека е полесно да изградиш куќа одошто да ремонтираш стара. Секогаш се појавуваат пукнатини, со кои или навикнуваш да живееш, или ќе ти треба многу труд да ги поправиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma