Брза пита од компири: Едноставно, ефтино и брзо
14 ноември, 20130
Состојки:
Тесто:
150-200 гр брашно
2 јајца
4 компири исецкани на коцки
Млеко
Сол
Вода
Лук
Бибер
Фил:
2 дл јогурт
2 дл павлака
Подготовка:
Од наведените состојки направете тесто малку погусто од она за палачинки.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Подмачкајте го садот за печење и добро загрејте го ( во тоа е фората) па во врелиот сад додадете ги компирите измешани со тестото. Се пече околу 20 минути.
Додадете врз питата јогурт и павлака и оставете да се пече уште неколку минути.