
Чарлиз Терон се плаши од својата помлада колешка Скарлет Јохансон и поточно од тоа да не ја замени како лице на Диор. Терон смета дека нејзината соперничка претерува бидејќи свесно тврди дека и се допаѓа се што е француско.
Чарлиз е рекламно лице на брендот и од тоа печали 5 милиони долари годишно.
“’Скарлет го обожува Парис и поминува доста време таму со својот дечко Ромен. Освен тоа жителите на Франција ја сакаат бидејќи ги потсетува на Брижит Бардо. Чарлиз изгледа добро во рекламата на Диор, но компанијата сака нешто свежо и гледа на Скарлет како на потенцијална замена“, тврди извор близок на Диор.