Часот на раѓање зборува за карактерот

popara18 октомври, 201318min00
astraologie scheibe pink - violett

Секој час има одредена астролошка фреквенција која ја диктира енергијата на човекот. Според тоа, оние родените од полноќ до раните утрински часови се смирени, а попладневните деца имаат немирен дух.

Денот е поделен на шест временски единици кои ја диктираат биоенергијта на човекот како и неговите карактерни особини зададени од часот на неговото раѓање. Првата единица е од полноќ до четири часот наутро, втората од четири часот до осум часот наутро, третата од осум до пладне, четвртатата од пладне до 16 часот, петтата од 16 до 20 часот и шесттата од 20 часот до полноќ.

Ноќните луѓе

Луѓето родени од полноќ до четири часот наутро ги краси смирен дух, голема фантазија и солидни емоции. Понекогаш имаат проблем со соочување со реалноста, а верни се на своите идеали кои од раното детство не се менуваат. Често се двоумат помеѓу своите цели, поради што стануваат немирни. На крај го избираат она вистинското. Сакаат да го пренесуваат своето знаење и искуство на другите.

Утринските луѓе

Луѓето родени помеѓу четири и осум часот наутро се упорни во се што прават. Тие се вистински животни практичари и тешко може некој или нешто да ги изненади – како да се однапред подготвени за сите потешкотии во животот. Нивна голема желба е да го остварат она за што сонуваат, а во тоа вложуваат многу труд. Најчесто се многу интелигентни, но тоа не им носи голема материјална полза.

Претпладневните деца

Луѓето родени помеѓу осум часот наутро до 12 часот, со своето присуство ги развеселуваат сите околу себе. Амбициозни се и големи се шансите да успеат на пословен план, а во приватниот живот се оптимисти и мошне духовни. Сакаат да филозофираат за смислата на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички квалитети.

Попладневните луѓе

Жив дух, љубопитна природа и многу енергија најдобро ги опишуваат луѓето родени меѓу 12 и 16 часот. Создадени се да бидат учители, математичари и големи оратори. Во меѓучовечките односи се склони кон конфликти, но нивниот живот без повремени драми би бил досаден.

Доцна попладневните луѓе

Луѓето родени помеѓу 16 и 20 часот ги краси немирен дух кој постојано ги носи во нови предизвици и непознати ситуации. Тие се социјални бунтовници, а нивната енергија е вистински благослов. Сепак последица на тоа можат да бидат тешки нервози поради неправдатата во светот што тие најдобро ја чувствуваат. Иако делуваат брзоплето, тие секогаш имаат план па не треба да бидат загрижени за својата иднина.

Вечерните луѓе

Луѓето родени помеѓу 20 часот и полноќ се природни лидери, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Преполни се со самодоверба и тешко може нешто да ги разниша нивните позиции, а најмногу страдаат ако некој им го повреди егото. Специфични се по тоа што сакаат одреден дел од денот да го поминат сами, за да си ги средат мислите и да соберат енергија за новата битка и победа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag