
43 годишната Џенифер Лопез сака да стапне на лудиот камен под рака со младиот Каспер Смарт. Медиумите не пропуштија да потенцираат дека за ѕвездата ова ќе биде четврта свадба.
И покрај тоа што врската со 26 годишниот танчер трае само 18 месеци, пејачката веќе размислува за свадба. Џеј Ло се доверила пред пријатели дека е толку вљубена што нема потреба од предбрачен договор.
Освен тоа се вели дека пејачката која има близнаци со Марк Антони планира уште едно ин витро за да роди бебе и од Смарт.
Џенифер има три брака зад себе – со Оџани Ноа, Крис Џад и Марк Антони.

.jpg)

