До шестата победа во низа, вкупно 36 во кариерата, Германецот стигна со време од 1:31:12.187 час. На три трки до крајот и Ред Бул ја обезбеди титулата во конкуренција на конструктори. Втор низ целта мина возачот на Мерцедес Нико Розберг, со заостанување од 29,823 секунди, а место на подиумот обезбеди и Роман Грожан од Лотус.Зад најдобрите тројца финишираа Фелипе Маса од Ферари, Серхио Перез од Мекларен и Луис Хамилтон од Мерецедес, а бодови освоија уште и Кими Раиконен од Лотус, Пол ди Реста и Адријан Зутирл од Форс Индија, како и Даниел Рикардо од Торо Росо.Со оваа титула Фетел се израмни со Михаел Шумахер и Хуан Мануел Фанџо, кои се единствени во историјата на Ф1 со четири титули во низа.