
Нов систем за следење се вградува во заб. Мал компјутерски чип инсталиран во усната шуплина наскоро ќе следи како храната се разградува кога ќе ја внесеме, колку пати жвакаме или што зборуваме. Уредот е осмислен од тим инжењери од Националниот универзитет на Тајван.
Уредот е со дименизии 4,5 пати помал од милиметар и се поставува на заб, а може да снима во три димензии за се што се случува во устата. Исто така постои и програма која тумачи се што чипот регистрирал, па можеме да знаеме се за храната што се внесува но и што зборува испитаникот.
Мајкл Мекалпајн, професор од универзитетот Принстон вели дека ова откритие е возбудливо. Гугл очилата веќе користат сличен концепт, а тоа е обид електорониката да се спои со телото. Овој чип ни покажува каква е иднината, вели Мекалпајн. Од друа страна голем дел од научната средина сметаат дека ваквите чипови можат лесно да се злоупотребат за надзор врз луѓето.