Чистачка добила еден милион евра, но не сака да ја напушти работата

popara9 јануари, 20131min00

Кинеската милионерка одбила да ја напушти работата како чистачка од страв дека ќе ја изгуби работната навика и ќе биде лош пример за своите мрзливи  деца.

По речиси четири децении работа на поле, готвачка, возач на камион и улична чистачка, 1,2 милиони евра би можеле да звучат како вистинска причина за пензија.

Меѓутоа, 53-годишната Ју Јоушен има навистина завидни работни навики. Пред пет години, земјата која ја поседувала во селото Донго, во близина на градот Вухан, била откупена од државата. Парите ги искористила за изградба на вистинско мало царство на недвижен имот, во кое денес се вклучени 17 станови вредни еден милион евра.

И покрај тоа, Ју шест дена во неделата нови портокалова облека и работи како улична чистачка, што месечно и носи заработка од 174 евра.

“Работата не е само платата која ја добивам. Работата ги фокусира луѓето. Мрзеливоста создава разни лоши навики”, изјавила Ју.

Шефот на нејзината смена изјавил дека таа никогаш не доцни на работа и дека во последните 14 години побарала само три слободни дена.

Една од причините поради која продолжува да работи се тоа што не сака нејзините деца да бидат мрзливи.

“Сакам да бидам пример за моите деца. Не сакам цели денови да поминуваат дома и да ги трошат моите пари”, додала Ју.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag