
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 50мл шеќерен сируп
* 10мл рум
* 150гр течно чоколадо
* 50гр суво грозје (искиснато во шеќерен сируп)
* 100гр шеќер
* 75гр путер
* 15гр какао
* 230гр обични бисквити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во голем сад ги ставаме шеќерот, млекото и маслото. Ги матиме со миксер.
- Додаваме 2/3 од бисквитите, мелени на трошки и сите останати производи, без сувото грозје. Матиме добро, со миксер ( овој пат не користиме жица, туку ако има перка, ако не, тогаш спиралите).
- Конечно, го додаваме сувото грозје и останатото количество бисквити (скршени). Месиме со рака и правиме форма на салама. Ја ставаме во фолија.
- Оставаме да отстои во фрижидер барем еден ден.
- Пред сечење, ја посипуваме саламата со шеќер во прав.