Неодолив чоколаден крем од лешник кој, кога ќе го видите, зборот „диета“ ви станува сосема непознат.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 гр. лешници, без лушпа и тостирани во рерна
50 гр. квалитетно црно чоколадо со 70% какао маса
50 гр. млечно чоколадо
1 лажица какао
1/2 стапче ванила (може и 1 лажичка екстракт од ванила)
1 лажица масло за јадење
ПОДГОТОВКА:
Лешниците ставете ги во блендер и измиксирајте ги. Земете едно тенџере, наполнете го со вода и оставете водата да зоврие. Над него ставете сад и на пареа топете ги чоколадите. Кога ќе се стопат, додадете ги какаото и ванилата. Мешајте додека не добиете убава смеса. Потоа, во смесата додајте ја миксираната смеса од лешници. Ставете го маслото и мешајте сè додека да се поврзе смесата. Кремот претурете го во стерилизирана тегличка и оставете го еден ден во фрижидер да се стегне.
Добар апетит!