Чоколаден крем со рум
1 ноември, 20130
Состојки:
100 гр чоколада,
1 супена лажица шеќер во прав,
1,5 чаша павлака со 30% масленост,
1 чаша павлака со 20% масленост,
1 лажица рум.
Чоколадата се крше и се додава во мало тенџере со дебело дно.
Се додава павлаката со 20% масленост и тенџерето се загрева на слаб оган. Се меша се додека чоколадата не се стопи и додека добро не се изедначи.
Се трга од оган, се додава румот и се остава да се олади.
Павлаката со 30% масленост ја матиме со миксер додека се втврдне.
Се додава и чоколадната смеса и внимателно се меша.
Кремот се распределува во 6 стаклени чаши. Се ладат во фрижидер 1-2 часа и се сервира.