Чоколаден мус

9 март, 20130
10

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

• 230 гр. издробено чоколадо

• 120 мл. вода

• 30 гр. путер

• 3 жолчки

• 25 гр. шеќер

• 300 мл. изматена слатка павлака

ПОДГОТОВКА:

Стопете го чоколадото, заедно со ¼ шолја вода и путерот, во микробранова печка или со помош на двоен сад. Ако го топите со помош на двоен сад, тогаш наполнете еден поголем сад со вода и зовријте ја водата. Потоа, состојките ставете ги во помал сад кој ќе го сместите во садот со зовриена вода. Со постојано мешање, стопете ги состојките. Откако ќе се истопи, оставете 10-тина минути да се излади.

Во друг сад, измешајте ги жолчките, шеќерот и преостаната вода. Варете ја смесата на умерен оган околу 1-2 минути. Отстранете ја оваа смеса од оган и додадете ја кон растопеното чоколадо.

Потоа, садот со чоколадо ставете го во мраз и мешајте сѐ додека не се излади (5-10 минути). Чоколадото сервирајте го во плитка чинија или во посебни стаклени чаши за чоколадо. Оставете да се излади во фрижидер.

Откако ќе се излади, декорирајте го желба.

Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi