Чоколаден тарт
Го сакате чистиот вкус на чоколада? Тогаш мора да го пробате ова
Потрени состојки за тестото:
– 125 гр путер
– 100 гр шеќер во прав
– прстофат сол
– 250 гр брашно
– 2 жолчки
– 2 лажици ладно млеко или вода
Потребни состојки за кремот:
– 300 мл слатка павлака
– 2 лажици шеќер
– на врвот на лажицата сол
– 125 гр мек путер
– 450 гр чоколада за готвење
– 100 мл млеко
– какао за посипување
Подготовка на тестото:
Путерот, шеќерот и солта изматете ги да бидат кремасти. Додајте им го брашното и жолчките па мешајте додека не добиете зрнеста смеса. Додајте ги двете лажици млеко или вода и замесете тесто со рацете. Обликувајте го во круг. Посипете го тестото со брашно и направете го како ролат, па прекријте го со фолија и оставте го да отстои еден час во фрижидер.
Потоа извадете го тестото и исечете го на парчиња со дебелина од 5 мм. Наредете ги како мозаик на тавата за печење. Потоа тавата ставете ја во фрижидер да отстои барем уште еден час. Потоа тавата ставете ја во загреана рерна на 180 степени и печете 15 до 20 минути. Потоа извадете го тестото и оставете го убаво да се излади.
Подготовка на кремот:
Во сад за варење ставете ја слатката павлака, шеќерот и измешајте. Ставете го на оган се додека не почне да врие. Штом почне да врие тргнете го садот од оган и додајте го омекнатиот путер и чоколада. Мешајте додека смесата не се изедначи. Оставете малку да се излади, а потоа ставете го ладното млеко и мешајте додека не добиете мазна смеса. Кремот сипете го рамномерно по тестото. Оставтете да се излади уште 2 до 3 часа на собна температура. Потоа посипете го со какао во прав и послужете.