Венецуеланските власти во градот Мараикабо го предупредија поубавиот пол за банда на крадци која крадат женска коса. Имено, организирана група со ножици ја сечат косата на девојки, а потоа ја продаваат во фризерските салони кои ги користат како природни надградби на коса.
Според властите, целна група се жените кои ја имаат косата врзана во реп или исплетени кики. Тие се лесна цел затоа што крадците можат брзо и лесно да ја исечат целосно нивната коса со ножици. Групата крадци од медиумите го добиле прекарот “пирани”, а според медиумите тие го прават овој криминал затоа што за природната надградба има голема побарувачка. Имено, според некои истражувања, дури 30% од жените во Венецуела имаат надградба на својата коса.