Езерото “Сино око“ во Албанија е природен феномен бидејќи нема дно. “Сино око“ всушност е дупка која се поврзува со подземните води кои низ неа избиваат на површината.
Иако пливањето и гнурењето во“ Синото око“ е дозволено, поради водата чија температура изнесува 10 степени целзиусови, малкумина се оние кои се впуштаат во таква авантура.
Туристите овде често доаѓаат за да фрлат камче во центарот на езерото кое само неколку секунди покасно се појавува повторно на површината.