Мерцеден SLS AMG Electric Drive ви представува ново големо достигнување…
Неговите 6 електрични мотори го снабдуваат со сила од 704кс и 1000нм што дава спортски перформанси без да претставува опасност за животната средина…
Очигледно не биле задоволни што веќе имаат најдобар супер автомобил на електричен погон, па во соработка со Cigarette Racing тимот одлучија да лансираат моќен електричен брод.
„Cigarette Electric Drive Concept“ како што е наречен, дебитираше во Мајами на изложбата за бродови.
Изработен е во истата жолта мат боја како и SLS AMG Electric Drive. Неговата сила доаѓа од четири батерии кои се полнат преку два полначи сместени на палубата. Максималната моќ изнесува 2200кс со 3000нм за максимална брзина од 160км/ч.