Дајана со секс – дневникот сакала да го уценува Чарлс?

popara4 октомври, 201317min00
10

Покојната принцеза наводно запишувала што се принцот Чарлс сака во кревет, детаљи за неговата врска со љубовницата Камила Паркер Боулс, како и сексуални навики за останатите членови на семејството. Дајана наводно со тоа сакала да го уценува Чарлс со цел после разводот да може почесто да ги гледа децата, тврди Павер. Тој мисли дека дневникот завршил кај некоја нејзина пријателка.

Принцезата и нејзиниот партнер, египетскиот милиардер Доди Фајед погинаа во сообраќајна несреќа во 1997 година. Иако истрагата покажа дека за нивната смрт била виновна брзината, пијаниот возач и папараците од кои бегал, таткото на Доди, Мохамед, постојано повторуваше дека фаталната несреќа е само параван.

Семејството и пријателите неодамна откриле дека воената полиција и министерот за одбрана пред две години добиле писмен доказ дека принцезата е убиена од страна на британската полиција. Мохамед верува дека несреќата е инсценирана од страна на кралското семејство бидејќи биле против врската на Дајана и египетскиот богаташ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag