
Хлорофилот е темно зелен пигмент кој се наоѓа во алгите и растенијата. Важен е за процесите на фотосинтезата при што растенијата ја претвараат сончевата светлина во енергија која може да се користи.
Хлорофилот има слична молекула како хемоглобинот. Конзумацијата на хлорофил растворен во вода во организмот ќе го подобри преносот на кислород и како резултат ќе имате повеќе енергија.
Научниците тврдат дека хлорофилот е моќен антиоксиданс кој штити од карцином, има антисептично и антивоспалително дејство, помага за регулирање на варењето на храната и столицата и е одличен извор на магнезиум, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, железо, калциум и протеини.
Хлорофилот во големи колични се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, па затоа тие намирници во поголема количнина треба да ги вклучиме во својата секојдневна исхрана, или да конзумираме неколку капки хлорофил во чаша вода два пати дневно.