Дали среќата е во парите?

popara23 август, 20131min00
6

“Не знам дали со пари се купува среќа, но сигурно знам дека со среќа не можеш да купиш пари” – често ми повторуваше еден “богат” познаник.

Генерално тезата за прашањето се темели на две крајности. Сиромашните луѓе мислат дека во парите е среќата. Богатите – феникијските знаци не се релевантни. И двете категории немаат она што има другата. И сепак прашањето останува…

Но, ред е најпрво да ја дефинираме “среќата”. Ова е најтешкиот дел. Јас лично секогаш кога испраќам желба, таа гласи “Биди среќен”!. Не поради тривиалноста, туку затоа што мислам дека секој поединечно го толкува овој поим. Болниот сака здравје, сиромашниот храна, осамениот љубов, најбогатиот копнее за доверба, повредениот – за утеха.

Но да се вратиме на темата. Знаете, многумина кажуваат “бабини деветини”, ама има многу вистина во нив. Не случајно се пренесуваат низ вековите. Една од нив е “Ништо нема да однесеш на оној свет”. Освен душата можеби. Груба или не, вистината е таква – доаѓаме и си одиме, живееме во своите дела и во љубовта на другите. И во нашите деца.

Со ризик да звучи идеалистички, цврсто изјавувам дека парите не носат среќа. Или барем не за долго. Не дека да ги имаш е лошо. Напротив, му посакувам на секого. Но пред богати, прво сме луѓе!

За мене среќата е еднаква на хармонијата со себе. А таа е насекаде – во убава песна, во насмевката на вашата сакана, кога се бакнувате за добро утро. Не дека не се радувам кога ќе купам лукзузен накит, но тоа не ме исполнува до онаа мера која граничи со душевно блаженство.

Стремете се кон успех. Обидете се да го обезбедите најдоброто за вас и вашето семејство. Но, бидете сигурни дека жена ви повеќе ќе се израдува на вечера подготвена од вас, отколку на картичка за спа. Најскапата играчка нема да го надомести вашето одсуство од животот на вашето дете. Или барем не додека порасне.

Запомнете, времето поминува брзо. Ќе дојде ден за подсетување. Нека не биде “колку пропуштив”…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma