Детали за вонбрачниот сексуален живот на Стив Џобс:)

popara16 октомври, 201318min00
2

Хрисан Бренан го запознала Стив Џобс во 1972 година кога двајцата биле студенти. После тоа следела петгодишна врска со прекини, а таа сега одлучила дека е време целиот свет да дознае каков точно човек бил тој. Нејзините сеќавања за легендарниот основач на Епл не се ни малку пријатни, а се опишани во книгата “The Bite in the Apple: A Memoir of My Life With Steve Jobs”.

Нивната врска завршила кога во 1977 Бренан останала трудна со нивната ќерка Лиса. Тој со години негирал дека и е татко, но тестот направен во 1979 го покажал спротивното. Плаќал алиментација 500 долари месечно, но тоа не го спречило во 1983 за Тајм да изјави дека 28% од машката популација во САД би можеле да бидат татко на детето.

Тој не играл чесно

“После 15 години, ме повика да ми каже дека сексот со мене бил феноменален. Се навраќавме на различни моменти. Јас се навратив на многу болни емоции, но беше во право, сексот беше фантастичен, феноменален“, напишала.

“Стив беше тиранин. Се однесуваше лошо кон луѓето. Како негова девојка почнав да согледувам колку грозното и прекрасното минимално се одалечени едно од друго. Иако се обидував да се прилагодам на промената, наскоро се почна да станува премногу за мене.“