
Во моментов холивудскиот актер и моделот се наоѓаат во Ибица и уживаат во новата љубов каде за прв пат Леонардо е виден да разменува нежности со новата девојка Тони Гарн, јавно.

Лео и Тони се запознаа во мај на приватна журка на јахта додека и двајцата беа во Кан за филмскиот фестивал. Од тогаш Лео речиси не се прибира во САД и поголемиот дел од времето го поминува со мис Гарн.
Лео стана познат освен по филмските улоги и со страста кон сексапилните плавуши. Низ раце му поминаа жени како Жизел Бундхен, Бар Рафаели, Ерин Хедартон, Блејк Лавли.
